Заев: ПАУНОВСКИ ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕН, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПУКУВА СО МЕНЕ


„Рамковно вработените се прераспоредени согласно плановите и Законот. Директорот на пазарниот инспекторат е поставен од Владата, но не можете да си дозволите вакви коментари, да ги понижувате надредените. Очекувам службите да отворат постапка за негово разрешување“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, коментирајќи ја полемиката со директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Според него, неоправдано е секој ден да се води полемика со претседателот и потпретседателот на Владата.

„Тоа е пркос. Има хиерархија, и иако се работи за мој пријател, за Стојко Пауновски, принципите се воспоставени. Ова е доволна основа за негово разрешување“, рече Заев.

Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница, вели за СДК.МК директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

Претходно, Пауновски изјави дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 лица, освен за 12 кои имаат соодветно образование, дури и во случај да биде сменет, на што премиерот Зоран Заев му порача да не се спротивставува, туку да ги спроведе владините одлуки и да не води војна преку медиумите.

Вчера Пауновски за Сител изјави дека нема да попушти, бидејќи лицата кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска,а не теренска – нема да ги вработи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1