Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот кој му нудел мито


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска до Основното јавно обвинилество во Струмица поднесе кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за лажно пријавување, соопшти Општина Струмица.zaev

– Денеска од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за кривично дело лажно пријавување и нудење на поткуп. Подолг период наназад, почнувајќи од месец ноември 2013 година па до пред некој ден, пријавениот Иван Николов има поведено повеќе постапки пред општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти и слично со кои предмети имал потреба да остварува повеќе контакти и средби со било кој од вработените. Меѓутоа веќе неколку пати пред некој ден почнал да нуди надомест, помош за изградба на црквата и слично на кое нешто реакцијата на Зоран Заев била енергична да истото тоа го одбие и состави записник со вработените во присуство на сведоци – рече Ване Андреев, овластен адвокат на градоначалникот на Струмица.

На новинарско прашање, зошто речиси после две години се поднесува кривична пријава, адвокатот Андреев одговори:

-Значи не е за после две години, предметите се работат, има 6 или 7 предмети, повеќето се правосилно решени, значи се води постапка, ниту претпоставувал ниту можел да претпостави дека ќе му биде нудено мито, тоа сега се случува и во моментот кога се случува веднаш се составува службена белешка и се пријавува – рече тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1