Заев призна – купил компјутер на Верушевски,бил спремен да купи и автомобил


Зоран Заев потврди дел од комуникацијата во семејството на Зоран Верушевски, поранешен разузнавач, осомничен во аферата „Пуч“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Тој потврди дека на 19-годишниот син на Верушевски му купил компјутер.zaev verusevski

– Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски – рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил.

Заев потврди дека со Верушевски се среќавал лани меѓу август и октомври и го користел неговото стручно знаење.

Во случај полицијата да се обиде да влезе во СДСМ, постојат копии, така што со тоа ништо нема да се постигне, вистината не може да се спречи, рече Заев, објаснувајќи зошто не е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1