Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конфернција ја потврди информацијата за протерувањето на руски дипломат поради, како што наведе, постоење сериозни сомнежи односно докази поткрепени со документација и согласно дипломатските процедури и оти во случајов е постапено согласно Виенската конвенција и домашните закони.
– Секако претходно преку МНР го контактиравме и претседателот на Иванов. Тој има свој став, но ние ја заклучивме и таа постапка пред да ја донесеме самата одлука, рече Заев.
Прашан дали постои опасност од нарушување на односите со Русија, тој рече дека не би требало тоа да се случи.
– Официјалните ставови на високите личности од Руската Федерација се дека законите мора да се почитуваат и службите кои што работат насекаде, тоа се пред се овластени, односно акредитирани дипломатски претставници, наши Руси овде и насекаде во светот мора да ги почитуваат Виенските конвенции, односно она што значи обврска што самите земји ја прифатиле, а секако и законите на матичните земји, рече Заев.