Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата


Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев, на граѓанската трибина „На прав пат” во Куманово.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина „На прав пат”, што се одржа во Куманово.

Центар за комуникации на СДСМ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1