Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.
Власта и опозицијата имаат спротиставените ставови особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО.
Мицковски во повеќе наврати кажа дека Јанева за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.
Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.