Заев: СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства


Со денешниот договор се потврди сè што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот „Вистината за Македонија“. Груевски ќе поднесе оставка и нема да ја предводи Владата што ќе ги организира и спроведе изборите, што ќе се одржат на 24 април идната година, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако заврши средбата во вилата, а заврши и конференцијата на премиерот.  zoran-zaev1-540x360

„Заминувањето на Груевски од Владата ќе се случи до крајот на оваа година, а изборот на новата Влада ќе биде најдоцна до 15 јануари. Тоа што го ветивме, го остваривме, Никола Груевски нема да ги организира и да ги спроведе изборите! СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства“, најави Заев.

Социјалдемократскиот сојуз ќе го предложи новиот министер за внатрешни работи. Покрај МВР, СДСМ ќе предложи и министер за труд и социјална политика. Во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество, СДСМ ќе назначи заменици министри со право на вето.

„Ќе биде избран специјален јавен обвинител којшто ќе биде задолжен да спроведе истрага за содржините, доказите и аргументите од проектот Вистината за Македонија. СДСМ, на почетокот на септември ќе се врати во Парламентот и активно ќе учествува во целосно спроведување на сите сегменти од постигнатиот договор, во насока на неопходните промени во критичните области нотирани во меѓународните извештаи. Изразувам благодарност до претставниците на меѓународната заедница за ангажманот и вложените напори во овој преговарачки процес, во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани“, рече Заев во седиштето на СДСМ во раните утрински часови.

Најави дека на 24 април 2016 година ќе се одржат предвремените парламентарни избори, кои, како што рече, ги барала опозицијата, а граѓаните на Македонија на слободен, фер и демократски начин ќе ја изберат новата власт во Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1