Премиерот Зоран Заев се извини за гестикулациите кои ги направи со фразата „мало сутра“ на партиската трибина во Прилеп додека зборуваше за тоа кој ќе победи на изборите во април 2020.
– Ако некој сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт затоа што некој така сака и потоа повторно 11 години да ја уништува државата. Тоа беше употребата на гестикулациите и на зборовите. Значи, извинете носевме храбри одлуки, тука сме и одиме напред, тешко е на сите, не ни е лесно и на нас. Продолжуваме да се бориме затоа што тоа должност ни е пред државата, вели премиерот.