Зоран Заев се повлекува од функцијата градоначалник на општина Струмица. Заев за неков заменик го именува советникот Коста Костадинов, актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ во Струмица и портпарол на оваа партија во Струмица, пишува локалниот портал Струмица Нет.
Заев во своето обраќање на седницата на Советот на општина Струмица, која е во тек, каде се расправа за Буџетот на општина Струмица за 2017та година, изјави дека оваа му е последна седница на која учествува од причина што ќе му заврши мандатот како градоначалник, заради заминување на друга функција. Денеска на седницата советниците Катерина Кузмановска и Коста Јаневски од СДСМ си поднесоа оставка, поради новата функција, како пратеници во новиот Парламент на Република Македонија, на нивно место доаѓаат Фатмаѓул Хаџи и Бранко Божинкочев од СДСМ