Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата во Чаир е спротивно од законот, денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.
-После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на советот на општина чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.
Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја, напиша Заев.