Заев: Силно верувам во договорот, конечно се затвора прашањето за идентитет


Македонскиот премиер Зоран Заев преку „Фејсбук“ порача дека силно верува во успех на договорот меѓу Македонија и Грција, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата.

– На 73. седница го разгледавме и усвоивме извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Силно верувам во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. Оваа Влада на Република Македонија треба да е горда на ова решение. Со оваа одлука испишуваме нова страница во историјата на нашата земја, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Владата вчера го усвои и го декласифицира договорот со Грција насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“. Се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски синоќа информира дека во текот на денов ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата и ќе биде потпишан договорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1