Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека Александар Верушевски, синот на разузнавачот Зоран Верушевски, го снимал тајно на ручек кај него на гости во Струмица пред четири години.
Тоа е всушност објавениот разговор од 2016 кој изминатиот период беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации. Заев вели дека свиркачот е синот на Верушевски.
„Тоа не беше пред сто години, беше пред четири години. Сега знам дека тоа беше Александар Верушевски“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Поранешниот премиер рече дека и натаму е во добри односи со Зоран Верушевски, кој е претседател на комисијата за внатрешни работи на СДСМ и советник за национална безбедност во Владата.