Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарските прашања по прес-конференција, даде одговор и на прашањето, дали фиксните телефони и интернетот се снимани.
– За жал имам докази и за фиксни телефони и за и-мејл комуникација – рече Заев.
На прашањето, дали ќе го исполни очекување на судиите да објави топ листа на 10, 20, 30 послушници, Заев рече:
– Еве вака, јас сакам да потврдам уште еднаш. Од ова што го имам како сознанија ретки се примерите на судии извршители, целосно во полуги и во спрега со власта, ретки се. Има една втора категорија судии и обвинители на коишто не им е лесно. Под директни закани и притисоци се. Не им е лесно. Не го оправдувам тоа, можеле оставки да дадат, но под директни закани и притисоци се. Но, најголемиот дел од судиите и обвинителите се чесни луѓе. Чесни луѓе се и тоа треба да се знае, затоа што искрено до крај зборувам. Очекувам дека кога се враќа слободата на Македонија, не Заев сам да ја враќа а они да седат на Фејсбук. Да направат чекор. Знаат и малите деца што е вистината. Да направат чекор за нивната, за нашата татковина. И чекам да го направат тој чекор, и ќе го поздравам јавно, да знаат дека ќе испишат историја -изјави лидерот на СДСМ.