Заев: Следна мерка би била полициски час од 17 или од 18 часот


„Се размислува за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17 или од 18, ќе има подобри резултати. Сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките“, рече Заев во синоќешното интервју за ТВ 21.

Посочи дека јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сѐ е ставено на располагање за справување со ковид-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручен кадар за справување со оваа ситуација.

Можноста за полициски час, вчера, не ја исклучи ниту министерот за здравство Венко Филипче, иако и тој оцени дека преносливоста на ковид-19 е намалена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1