Додека зборуваа за Законот за СЈО, премиерот Заев рече дека СЈО ќе ги гони корупциите од кои најмногу се случувале во Владата како во секоја земја.
– Власта ги прави најголмите коруптивни зделки, истакна денеска Зоран Заев во дуелот на Канал5 додавајќи дека го кажува тоа зошто кај Власта се парите и тоа е така во секоја земја.
– Добро е барем признавте, му возврати Мицкоски додавајќи дека е загрижен.
– Ако ви беше важна иднината на Македонија, овој Закон за СЈО ќе беше доставен уште во декември. Овие бајки звучат убаво, но не се така. На проблемот му приоѓаме суштински, а вие работите по принцип земи или остави, вели Мицкоски.