Заев вели победил со 2.100 гласа – Од ВМРО ДПМНЕ велат имало нерегуларности (Видео)


Кандидатот на СДСМ за градоначалник за општина Струмица, Зоран Заев, прогласи победа со 2.100 гласа разлика пред неговиот противкандидат Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

zaevЗаев освои повеќе од 19.000 гласа.

Струмичани ми го дадоа третиот градоначалнички мандат изјави кандидатот за градоначалник Зоран Заев.

„И покрај сите закани, притисоци, уцени, обиди за купување на гласови меѓу граѓаните, во фирмите и во предизборната кампања и во текот на денешниот ден, а кои траеа се до полноќ, кога едвај со асистенција на полицијата беа извлечени гласачките кутии од три избирачки места,  Струмичани не потклекнаа“ изјави Заев.

Од Изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев, пак велат дека денеска Струмица не избра свој градоначалник. Според штабот, имало нерегуларности на три гласачки места со околу 4.000 гласачи. Оттаму додаваат дека очекуваат надлежните изборни органи да одлучат дали ќе има прегласување на овие избирачки места, а со оглед, на според ВМРО ДПМНЕ, тесната разлика меѓу двајцата фаворити, Пишев и Заев, можно и гласање во втор изборен круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1