Заев: Верувам дека Велковски ќе остане во МВР, државата има корист од него


Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако се утврди дека Велковски службеното возило го користел за превезување на членови од неговото семејство надвор од Македонија

lazo velkovski

МВР по 4 дена од скандалот ја извести јавноста дека Велковски на Илинден, со налог но без решение, со службен полициски џип ја испратил ќерката во Грција. Ако Владата реши да го прифати предлогот на Спасовски, според Заев ќе треба време да се разгледаат можни решенија за негов наследник. Неофицијално, во јавноста како кандидати се споменуваат Миле Зечевиќ, поранешен директор на УБК и актуелен надворешен советник на премиерот, Сашо Тасевски кој е началник на Одделот за обезбедување популарно наречена Шеста управа како и долгогодишниот припадник на МВР, Кирил Митиќ.

За можните негови наследници ќе се разговара понатаму, информираше денеска премиерот Заев.

Велковски според очекувањата ќе остане во МВР. Премиерот вели дека тој е еден од неговите први соработници, и нагласува дека верува оти тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство.

Се надевам дека Лазе Велковски ќе остане во МВР бидејќи е важен со неговото искуство, изјави премиерот, Зоран Заев

-Се работи за понесување одговорност она што граѓаните бараат од политичарите, од носителите на јавните функции и слично… Секако јас верувам дека он ќе остане еден значаен фактор во МВР, бидејќи е важен со неговото искуство и е од помош на државата и државата треба да продолжи да го користи неговото искуство во работата. Исправен пред заканата и одредени закани кои во минатото биле насочени кон него и неговото семејство ја направил грешката и за таа грешка треба да се понесе одговорност. Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот, и доколку одлучи да постапи по предлогот ќе разгледа и други решенија. Велковски е припадник на СДСМ и верува во политиките на СДСМ. СДСМ е единствен и сплотен пред вакви моменти. Се работи тука само за чин на понесување одговорност – изјави Заев.

Според процедурата, пред почетокот на владината седница би требало да се состане кадровската комисија. Претседател на комисијата е Спасовски, а членови се вицепремиерите Кочо Анѓушев и Хазби Лика, министрите за животна средина Дураку и за здравство Венко Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1