Заев ветил, па се откажал да ја објави бомбата за „Монструм“ – СМС како доказ


Со оваа СМС порака Зоран Заев уште пред  два месеци ветил но истовремено и се откажал од објавување на бомбата за Монструм. Пораката е испратена на еден од родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро и во неа првин пишува дека бомбата ќе биде пуштена.  Но, потоа Заев најавува посебна средба на која вели дека на родителите ке им бидат откриени  кодирани телефонски броеви од пресудата, пишува Телма.

sms_na_zaev_za_monstrum-735x400

Се соменваат дека зад тие броеви се кријат високи владини функционери, но бидејќи се државна тајна Заев во пораката до роднините вели дека ако ги објави ќе стори кривично дело. Роднините имаат свои сомневања зошто дел од пресудата е со шифрирани броеви.

Во текот на судскиот процес  беше објавено дека се работи за пет телефонски бореви, но Заев според роднините на момчињата во своите материјали има 6 броеви на функционери на ДУИ поврзани со Монструм. Татковците на момчињата се упорни и апелираат Заев иако се откажал од  јавно објавување, да им ги даде материјалите на рака, па сами да ја бараат правдата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1