Заев: ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само да им го заташкаме криминалот


Искрено, многу сум разочаран од исходот на лидерската средба и од однесувањето на опонентите од другата страна со кои што преговаравме, господинот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Ова денеска го кажа премиерот Зоран Заев на прес-конференција по Лидерската која траеше 7 часа.

  • Се обидовме сѐ. Да излеземе во пресрет на секое разумно, праведно и правилно барање или услови. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата. Да бидеме креативни, но сепак да не дозволиме црвените линии да се поминат. Но, се соочувавме со невозможно барање, барање кое е против секоја логика, кое е против правдата, кое е против ЕУ и НАТО. Против граѓаните, против вредностите, против стандардите. Тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за конечно и да запрат. Ништо друго. Бараат криминалот да им го заташкаме. Само тоа е важно за ВМРО ДПМНЕ. Ниту ги интересира ЕУ и НАТО, ниту владеење на правото. Ниту интересите на граѓаните, ниту напредокот на земјата, рече Заев.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1