На собраниската седница за промена на Уставот по излагањето на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој предложи лидерите на двете најголеми партии да донесат решение за иднината на државата, премиерот Зоран Заев рече дека тој од секогаш бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор, оценувајќи дека во Македонија има премногу поделби и оти е потребно простување. Притоа премиерот нагласи дена со тоа не мислел да влијае врз институциите или судовите.