Заев во суд: Невин сум за „Поткуп“, случајот е конструиран -Снимките прифатени како доказ


Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата.

– Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено – рече Заев пред судот.

Според него, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР да се постигне целта, а тоа е тој како тогашен лидер на опозицијата да престане со проектот „Вистината за Македонија“, односно т.н., бомби.

Тој очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поктуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Обвинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.Судењето треба да продолжи на 19 и на 26 март со прегледување на доказите и ЦД-та.

Зоран Зоран во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1