Заев: Во Законот за Јавно обвинителство нема скриена амнестија


Заев уверува дека нема скриена амнестија од која некој би се спасил од судски постапки и со тоа што опозицијата одбива да гласа, според него, е бегање од одговорност.

Двотретинското мнозинство за Законот за јавно обвинителство ќе биде мегдан до крајот на седмицата – смета претседателот на СДСМ Зоран Заев, и покрај тоа што кога влезе во владина процедура имал збор од најмалку 80 пратеници дека ќе дадат зелено светло за предложениот закон.

Заев уверува дека нема скриена амнестија од која некој би се спасил од судски постапки и со тоа што опозицијата одбива да гласа, според него, е бегање од одговорност.

Лидерот на СДСМ обвинува дека раководството на ВМРО ДПМНЕ врши притисоци и закани врз пратеници за да не гласаат за законот. Заев вели – одлуката е во рацете на пратениците, но сепак е оптимист дека ќе се стигне до потребното двотретинско мнозинство за донесување на законот.

Заев смета дека предлог-законот ги исполнува очекувањата од Европската Унија и тврди дека за подготовка на текстот се консултирани сите релеванти експерти пред да се стави во собраниска процедура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1