Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре


Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот Њујорк Тајмс вели дека се крши однатре по ветото од Франција.

„Се кршам одвнатре“ вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот.

  • „До пред само два месеци, лидерот на малата балканска нација во Северна Македонија одеше исправено, славен од светските лидери, фален од првиот човек на ОН затоа што понуди ретка светла точка во проблематичниот светски пејзаж, а се најде и на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир. Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја во решавањето на тридеценискиот спор со соседна Грција за името на земјата. Со помош на макотрпна дипломатија и наспроти очекувањата, тој успеа, пишува весникот.

„Тоа ме уништи лично, психолошки“, вели Заев. Тој во разговорот вели дека е загрижен „не само за себе и за земјата“, туку и за стабилноста на целиот Западен Балкан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1