Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата која ја одржа, истакна дека има разбирање за одлуката на вицепремиерот Кочо Анѓушев да се повлече од политиката.
- Компаниите на Анѓушев имаат потреба од него, за 50 проценти им е падната добивката, а има и државата за да се довршат проектите, ќе имам разбирање за долуката, рече Заев.
Инаку, повлекувањето Анѓушев го најави вчера во гостувањето на Топ тема на телевизијата Телма. Истакна дека каков и да е исходот на изборите на 12. април, се повлекува од политиката, им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше.
- „Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ни една партија, нема да продолжам со политиката во перспектива“, рече Анѓушев во гостувањето.