Заев за Бомба 10: Драмата Шиповиќ, менување на ДУП-ови, фирми од Белизе


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека ќе презентира снимки од кои, како што рече, јавноста треба да сфати зошто се случуваше драмата околу претседателот на Советот на Центар Мирослав Шиповиќ и зошто Мијалков и Груевски правеле сѐ за да ја добијат оваа општина.zaev sdsm

– Денеска ќе сфатите зошто Груевски на претходните снимки велеше дека им треба време да дозавршат некои работи во општина Центар. Ќе го видите Груевски во светло во кое е користољубив, нечесен. Ќе видите во што се вовлекувал лично тој кога биле во прашање неговите сопствени интереси. Денеска ќе стане јасно зошто трескавично се менуваа ДУП-овите на Центар, порача Заев.

Тој најави и дека ќе се открие кој стои зад познатите фирми кои имаат сопственици во Белизе и зад другите оф-шор компании, како фамозната Ексико.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1