Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Никола Димитров за договорот со Бугарија.
Новата влада застана цврсто на евероатланстскиот пат, за градење на современи добрососедски односи Договор за доброседство, пријтелство и соработка со Бугаррија е исчекор во перспектиите на граѓаните. Синоќа на седница на Владата го усвоивме извештајот за извршените преговори за договорот, Владата го прифати услогласениот текст и донесе одлука да го потпишам договоро, рече премиерот Зоран Заев на денешнта прес-конференција.
– Договорот е во согласност со националните интереси. Договорот е одраз на новиот дух на политичари, кои градат мсотови, а не уриваат. Како премиер и Владата сме цврсто решени да водиме политики кои решаваат, а не создаваат прооблеми.Договорот го услогласивме затоа што имаме сосед со добра волја за да затвориме прашања кои ни го одземаа времето и енергијата. Договорот јавно ќе биде објавен на веб-страницата на Владата. Ве уверувам, тој е основа за добрососедство и пријателство, за патна и гасна инфрасуруктура, за унапредување на трговската размена, и се надевам ќе биде силен импулс за Коридорот 8 – рече Заев.
Тој рече дека со договорот ќе биат заштитени правата на македонското малцинство во Бугарија.
На прашањето, на кој јазик ќе биде потпишан договорот, Заев рече:
– Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик согласно Уставот на Македонија и на бугарски јазик, согласно Уставот на Бугарија. Ќе биде во два примероци, на македонски и на бугарски јазик, на кои потпис ќе ставиме јас и бугарскито премиер – рече Заев.
Тој рече дека со договорот, двете земји застануваат заеднички против говорот на омраза и првокации и се обврзуваат дека заедно ќе ја спречуваат евентуалната негативна кампања.
Заев рече дека ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Република Македонија.