Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес – коференција рече дека потпретседателот на партијата Мухамед Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му.
Заразени со корона вирус се и сопругата на Зекири и нивното 3-месечно бебе.
Заев кажа дека директорката на УЈП, Сања Лукаревска, не е ист случај со Зекири.Техничкиот премиер Оливер Спасовски кои вчера беше во Куманово со Лукаревска се тестирал, но се чекаат резултатите.
После изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека Мухамед Зекири се заразил од коронавирус на ифтарска вечера кај брат му, Зекири се огласи со статус на фејсбук негирајќи дека се заразил кај брат му и дека неговото семејство допрва ќе се тестира.
„Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека:
За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење!
За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого.
Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот.
Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност“, напиша Зекири на својот фејсбук профил.