Поради излевањето на фекални води, но и со повлекувањето на поголемите количини вода од езерото поради зголемувањето на температурите, во наредниот период се очекува појава на поголем број глодари и инсекти во Охрид и околината
Од Центарот за јавно здравје информираат дека се прават подготовки навремено да се реагира, со цел пред почетокот на сезоната да се изврши потребната дезинфекција, дератизација и дезинсекција.
– Направени се контакти со локалната самоуправа каде наидовме на позитивен одговор и се надеваме дека во наредниот период, пред почетокот на сеозната ќе пристапиме кон извршување на овие мерки. Се очекува поголема концентрација на глодари во тие места каде имало излив на фекална канализација, но и со самото повлекување на нивото на водите од езерото ќе има поголема концентрација на она што е таложено и е на дното на езерото, велат од Центарот за јавно здравје.