Дванаесетгодишниот скопјанец С.М. загина по фудбалска игра која ја играл синоќа околу 30 минути по полноќ.
Според информациите до кои дојде „Курир“, момчето играло фудбал на игралиште под Кале, по што во еден момент се фатило за пречката од голот. Тогаш истиот паднал врз малолетникот.
На помош на момчето веднаш притрчал неговиот татко, па го однел во болница синот кој бил во безсознание и со повреди на главата.
За жал момчето им подлегнало на повредите попладнево.