Рударот Даниел Велков (27) загина вчера во рудникот за олово и цинк „Саса“ кога во една од јамите управувал со локомотива на рударска композиција која се судрила со друга. Велков добил повреди на градниот кош и починал на самото место.
Даниел Велков е од селото Kалиманци, кое е на половина пат помеѓу Виница и Македонска Kаменица. Сега живеел во Kаменица каде што пред неколку години се оженил.