Загина девојка при банџи скок


Менаџерите задолжени за организација на оваа атракција се уапсени поради убиство од негрижа. 28 – годишната девојка заедно со своето момче скокнала од кранот висок 65 метри во близина на градот Сент Омер во Франција.

Девојката скокот не го преживеа, а нејзиното момче се здобило со сериозни повреди, пишува „Паризиен“.bandzi-540x320

Некаде, на околу 15 метри од земја, дошло до проблеми со системот за прицврстување и двојката паднала на земја.

Менаџерите се уапсени поради сомнение дека извршиле убиство од небрежност. Обвинителот изјави дека треба да се утврди дали несреќата е предизвикана од човечка грешка, дефект на опремата или и двете нешта.

Секако, после несреќата, за посетителите е забрането банџи скокање од овој кран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1