Пешак на 30-годишна возраст од кочанско Грдовци загинал во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Скопје-Велес, кај местото „Рако Жинзифов“.
Во него удрил автомобил „мерцедес“ со српски регистрации управуван ос 45-годишен Србин. Несреќата се случина синоќа околу 23 часот.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа.