Поранешен градоначалник на една помала општина во Хрватска пронајдеен е мртов во својот автомобил откако со него излетал од патот и завршил во едно езерце.
Мили Скукан враќајќи се со својот автомобил од една прослава најверојатно под силно дејство на алкохол излетал од патот и слетал во реката. Три дена никој не знаел каде е поранешниот градоначалник, се додека рибари не забележале дека под површината на водата ѕирка црвен покрив од автомобил.
Веднаш се знаело дека е поранешниот градоначлник. Полицијата го извадила возилото а во него било неговото тело. Обдукцијата треба да покаже во какви околности починал градоначлникот, односно колкаво количество алкохол имало во неговата крв.