Во сообраќајна несреќа вчера загина претседател на мото клубот „ЛТД“ од Битола, организатор на мото трките „Братиндол“ во Битола и главен спонзор на битолските моторџии Тони Гулевски.
До несреќата дошло кога се судриле моторциклистот Тони Гулевски, од Битола, кој возел моторцикл марка “Дукати” и патничко возило марка “Мерцедес” со вевчански регистерски таблички.
Според информации од СВР Битола моторциклистот починал на местото на несреќата , додека никој од патнiците во патничкото возило не биле повредени.
ФОТО: setaliste.com.mk