Машко лице на возраст од 20-25 години и неговиот малолетен син починале вчера вечерта откако во нив удрил товарен воз кај месноста Јаворица, гевгелиско.
Несреќата се случила на железничката пруга Скопје-Гевгелија околу 22:30 часот, кога таткото и синот од Авганистан се движеле заедно со поголема група авганистански државјани кои нелегално влегле во Македонија.
Во незгодата на самото место починале двете лица.