Закачен на 160 балони прелетал 12 километри над Атланскиот Океан (Видео)


Јужноафриканецот Мет Силвер-Валенс успеа, закачен за 160 балони наполнети со хелиум, да прелета десетина километри над Атланскиот Океан.

baloni_1365340313_670x0Летот на овој 37-годишник од островот Робен до Кејптаун, траел еден час на просечна височина од околу 200 метри.

При слетувањето, кое поради поголема безбедност е извршено во вода, 400 метри од брегот, му помогнале спасувачи кои цело време го следеле со брод.

Силвер-Валенс во оваа авантура се впуштил надевајќи се дека ќе собере милион долари, колку што се потребни за изградба на педијатриска болница во Јоханесбург.

– Мојата главна цел не е да летам со помош на балони, туку да ги потивиран луѓето ширум светот да донираат средства во фондот за изградба на детска болница која ќе го носи името на Нелсон Мандела, изјави храбриот Јужноафриканец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1