Закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“


Турската полиција евакуираше 134 патници и членови на екипажот од авион на „Туркиш Ерлајнс“ на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.turkish avio

Како што јави ТАСС, евакуацијата е спроведена откако на вратата од еден од тоалетите во авионот била пронајдена белешка на која стоело предупредување за поставена бомба.

Веднаш по евакуацијата на патниицте и членовите на екипажот, припадници на антитерористичката единица на турската полиција започнаа со проверка на леталото.

Авионот требало да полета од Истанбул кон градот Кајсери во централна Турција.

Ова не е прв случај за закана за поставена бомба во авион на „Туркиш Ерлајнс“, но сите досегашни се покажаа како лажни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1