Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави дека на соијалните мрежи добивал закани по живот откако одржа неколку прес-конференции во име на својата партија.
-Изминативе неколку дена до мене освен многуте охрабрувања и поддршка, стигнаа и неколку заканувачки пораки од другарчиња Албанци поради моите прес конференции. Во суштина ова е класичен кукавички чин, затоа што инбоксот не е место каде разговараат сериозни луѓе. Видете вака “почитувани”, агресивни човечиња: во мојата идеја за заштита на Македонија ова е нешто што најмалку можам да сторам, и не само сега, секогаш кога мојата земја ќе се соочи со проблем јас ќе бидам напред во нејзина одбрана ! И ве замолувам не арчете закани, затоа што единственото нешто од кое Орце Ѓорѓиевски се плаши е Господ Бог, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/orce.gjorgjievski/posts/10214404832291263