Закани за гласање во Советот на Гази Баба – понудиле помош во бизнисот или молотов коктел врз продавницата


Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба.

Како што пријавила во полиција И.Т. за тоа двајцата на возраст од околу 50 години, кои дошле со „мерцедес“, понудиле помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т. Во спротивно, спроред пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрли молотов коктел во продавницата на И.Т. во Ќерамидница.

На лице место се упатени полициски службеници од ПС-Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1