Закажан референдум – што ќе одбере Грција ЕВРО или ДРАХМА


Грчкиот премиер Алексис Ципрас го одреди 5-ти јули како датум на кој ќе се одржи референдум на кој ќе биде поставено прашањето да се прифати или не предлогот на грчките доверители за дополнително петмесечно финансирање на земјата во замена за реформите кои треба да доведат до нови буџетски заштеди.Greece-Euro-Crisis-300x199

По пет месеци преговори, во текот на кои левичарската влада во Атина се обиде да договори нови услови за странската финансиска помош кои нема да ги вклучуваат непопуларните мерки за строго штедење, институциите на кредиторите (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – з.м.) почнаа да поставуваат неприфатливи предлози и ултиматуми, кои не се во согласност со принципите на Европската унија, рече во телевизиското обраќање до нацијата доцна ноќта ко саботата, грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Тој претходно вечерта се врати во Атина од Брисел, и одржа вонредна седница на владата на којашто се дискутираше за последните предлози изложени од страна на грчките доверители.merkel-cipras-500

Претходно во петокот вечерта беше објавено дека грчката влада го отфрлила последниот предлог на доверителите, кој германската канцеларка Ангела Меркел го нарече „великодушен“ .Имено, грчките доверители предложиле петмесечно продолжување на сегашната програма за надворешна финансиска помош до крајот на ноември, во комбинација со финансиската инјекција од 15,5 милијарди евра. За возврат, од Грција бараат да прифати и спроведе реформи за постигнување буџетски заштеди, во прв ред во пензискиот и даночниот систем.

Според Ципрас, овие предлози претставуваат поткопување на суверенитетот на земјата, ќе доведат до намалување на пензиите, платите, зголемување на даноците и се неприфатливи за владата. „Нивната цела беше да се потчинат граѓаните“, рече премиерот на Грција, кој претходно во Брисел ги оцени предлозите како „ултиматум и уцена“.cipras

Според Ципрас, Грците ќе мора да го изразат својот став за планот кој го подготвиле кредиторите за надминување на должничката криза на земјата во замена за реформите, „Тие предлози, кои јасно ги кршат европските правила и правата на вработување, еднаквост и достоинство, покажуваат дека целта на некои наши партнери не е да се постигне договор на сите страни, туку, можеби, целта е да се понижи цел еден народ“, го цитира Reuters грчкиот премиер. „Ние сме обврзани да одговориме на ултиматумите врз основа на суверената волја на народот“, истакна Ципрас.

Поради тоа, грчката влада одлучила да го постави на референдум прашањето – дали се согласувате со предлозите на кредиторите. „Референдумот ќе се одржи во недела, на 5-ти јули. Во сабота ќе се одржи вонредна седница на парламентот“, рече Ципрас.

Додаде дека за тоа ги информирал политичките лидери во земјата, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, со кои имаше заедничка средба во петокот утрото, пред почетокот на европскиот самит во Брисел.

Ципрас ги повика сите Грци да донесат одговорна одлука „за суверенитетот, независноста, иднината на земјата“.

Според оцената на државниот секретар Никос Папас, народот ќе се изјасни против предлогот на кредиторите. Тој потврди за грчките медиуми дека е планирано да продолжат консултациите со претставниците на ЕК, ЕЦБ и ММФ. Ципрас, исто така, рече дека ќе побара на неколку дена да биде одложена исплатата на јунскиот долг кон ММФ од 1,6 милијарди евра, чиј рок истекува на 30-ти јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1