Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците


Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, денеска повторно треба да се најдат пред пратениците.

Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието, да бидат објавени во Службен весник.

Владејачките СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и оти и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Кабинетот на Иванов, пак, одговори дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, „веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.

Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1