Законот за јазици се одложи, амандманите не биле преведени на албански


Со задоцнување од час и половина започна денешната собраниска седница на чиј дневен ред е Законот за употреба на јазиците.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни на собраниската седница, но Законот за јазиците кој требаше да биде прва точка на дневен ред е поместен подолу бидејќи според неофицијалните информации, не се преведени на албански јазик сите амандмани кои ги поднесе опозицијата.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го прекинаа бојкотот и се вратија во собраниските фотелји само за да го спречат носењето на Законот за употреба на јазиците. Тие поднесоа над 32.000 амандмани.

Според Деловникот, поднесените амандмани ќе бидат разгледувани само на пленарна седница. Предлагачот ќе има три минути да ги образложи и амандманот ќе може да се гласа. За да биде донесен потребно е 61 глас. Координаторите на пратеничките групи имаат право и на процедурална забелешка од три минути.

Затоа се проценува дека за да се разгледаат сите амандмани, на пратениците ќе им бидат потребни неколку месеци.

Амандманите следуваат откако претходно претседателот Ѓорге Иванов ме го потпиша указот. Викендов над 100 собраниски службеници работеа за да ги архивирање, обработат и внесат во електронскиот систем на Парламентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1