Работниците кои го поправале патот во централна Индија закопале жив човек.
Како штопренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата, работниците не забележале дека пијаниот човек паднал во дупката крај патот.
Латори Барман (45), паднал во дупката во петокот додека се враќал дома од селскиот панаѓур во областа Кати. Властите веруваат дека тој по падот изгубил свест.
Инцидентот се случил во државата Мадхиа Прадеш. Вечерта работниците поставиле асфалт во дупката и ја асфалтирале, па така го закопале човекот, а потоа се израмниле со валјак.
Смртта била забележана дури во понеделникот кога локалното население забележало дека од патот виси дел од човечка рака, по што полицијата го ископала телото.
Работниците се обвинети за убиство.