Замина уште еден познат српски актер


Актерот од Народниот театар во Ужице, Светислав Бата Јелисавчиќ починал синоќа во 57-та година по тешко боледување, пренесуваат српските медиуми.svetislav

Тој бил член на ансаблот на театарот од 1996 година, а во изминатитите две децении играл во 25 претстави, а остварил и неколку улоги во ТВ серии, „Рамна гора“, „Среќни луѓе“, „Село гори, а баба се чешла“, „Љубов, навика, паника“…

-Изгубивме одличен актер, уште подобар човек. Беше радост да се биде колега со него во секој проект, ќе ни недостасува неговата позитивност, изјавил уметничкиот директор на театарот.

Актерот ќе биде погребан утре во 14 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1