Познатиот американскиот актер Џин Вајлдер, запаметен по главната улога во „Вили Вонка и фабриката за чоколада“, но и по повеќе други иконични улоги, почина на 83 години, како последица на компликациите од Алцхајмеровата болест.
– Со нескриена тага и со голема почит за неговото дело, соопштуваме дека почина сопругот, татко и голем актер Џин Вајлдер. Незамисливо е за нас да го замислиме животот без него. Причината се компликации од Алцхајмерова боласт, која кај него постоеше во изминатите три години. Изборот тоа да остане скриено од јавноста беше негов – напиша во соопштението до јавноста неговиот внук Џордан Вокер-Перлмен.
Тој вели дека глумецот не сакал да го поврзуваат со болест и страдање, туку со ведрина каква што ширеше целиот свој живот.
– Наместо да страда, тој продолжи да ужива во уметноста и во музиката, да ја бакнува својата главна ѕвезда од изминативе 25 години, Карен. Танцуваше на венчавката на својот син. помина неброени попладниња со вестерн-маратони во друштвото на саканите, кои во ниеден момент не престана да ги препознава. Почина меѓу најблиските, а со неговиот последен здив од радиото се слушна гласот на Ела Фицџералд, една од неговите омилени. Ја пееше „Somewhere Over The Rainbow“ додека Џин замиуваше од другата страна на виножитото – вели неговиот внук во соопштението до јавноста.
Вајдлер, кој двапати бил номиниран за наградата „оскар“ и кој има исто така има глумено и во класични филмови, често соработувал со писателот и режисер Мел Брукс, како и со комичарот Ричард Прајор.
Вајдлер има настапувано и на Бродвеј во претставата Бони и Клајд, во 1967 година. Тој во 1971 година ја презеде улогата на еден од неговите најомилените ликови, Вили Вонка. Во 1974 година глумеше во култниот филм „Подели го седлото со другите“ и како доктор Рос во филмот на Вуди Ален од 1972 година, „Сè што сакавте да знаете за сексот, но сте се плашеле да прашате“.