Купопродажните договори за становите биле на име на мајката на Дончевска, преговорите за купување на становите ги вршела Дончевска а парите биле исплатени од сметката на нејзиниот татко велат од кривичниот суд за Канал 5.

На предлог на јавното обвинителство истражниот судија денеска издал решение за привремено обезбедување на имот за кој постои сомнение дека претставува принос од кривично дело велат од судот. Сомнежите на надлежните се дека овие два стана биле купени со парите од измамените граѓани. Претходно полицијата и заплени и дел од богатиот возен парк во семејството на Дончевска.

Kanal 5