Заостанат долг за вода по основ на тужени и редовни сметки ќе може од 2 април до 15 мај да се плаќа на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека граѓаните и компаниите ќе можат да го исплаќаат долгот со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.
– Новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во иднина ќе води грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти кои ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје, велат од Водовод и канализација.