Вчера во 06.53 часот во ПС ОН-Струга, пријавено било дека на ул.„Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион ,,Караорман“, опожарено било патничко моторно возило „СААБ“, без регистарски ознаки.
Пожарот е изгаснат од ТППЕ-Струга, а увид на лице место извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи -Струга, при што е констатирано дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице.
ПС-Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.