Возилото на директор на сектор во прилепскиот Тутунски комбинат, утрово бил запален во Прилеп.
Додека пристигнала противпожарната единица, автомобилот целосно изгорел. Станува збор за 55-годишниот А.С. кој утринава остана без својот автомобил „форд“, откако непознато машко лице му го запалило автомобилот, јавува плусинфо .
Според првичните информации од Прилеп, инцидентот се случил на улицата Јуриј Гагарин. Засега нема информации на можниот сторител или сторители, како и за мотивите за ваквиот чин.
Полицискиот увид се уште трае.