Запалени две возила на ЕВН во Тетово


Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија.

-Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.

ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

-Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се насочени против нас, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

За двете возила на ЕВН Македонија кои беа запалени ноќеска, како осомничен полиција го приведе К.О (43) од Тетово. Осомничен е дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ и во станбениот блок 70 во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „Дачија дастер“ и патничко возило „Нисан“, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „Голф“, со тетовски регистарски ознаки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1